ВИДЕО: Бохум ја продолжи агонијата на Волфсбург во Бундеслигата

Фудбалерите на Волфсбург го доживеаја и шестиот пораз во низа во Бундеслигата, откако загубија и на „Воновија Рухрстадион“ кај Бохум со 1-0 (0-0). Избраниците на Флориан Хохфелдт се соочуваат со бројни проблеми, а од Бохум си заминаа со празни раце и продолжија да тонат на табелата. 

Иако Волфсбург тргна добро од стартот на мечот, не успеа да поведе. Своите шанси не ги искористија Герхардт и Баку во првото полувреме, откако изнудија голмански одбрани на Риман. Во продолжението Баку одново имаше можност да погоди и биеше крај голот, а Максимилијан Филип се закани по корнер. 

Казната за промашувањата стигна во 65. минута од средбата. Милош Пантовиќ беше највисок во скокот и по центаршут погоди со глава за водство на Бохум (1-0). Во продолжението за Волфсбург се закани уште Нмеча, а точка на натпреварот не успеа да стави Ловен од таборот на домаќинот. 

  • Извештај од натпреварот:

Со овој триумф Бохум има 23 бода и се наоѓа на 11. место на табелата, додека Волфсбург остана со 20 три позиции подолу.

Состави

Thomas Reis

4-3-3

    Florian Kohfeldt

    3-4-2-1