• Зоран Мишевски
Дали на повидок е креирање на уште еден српски фудбалски гигант? Новосадска Војводина секогаш била во сенка на Партизан и Црвена Звезда, а сега има голема шанса да се наметне.
Некогашниот сопственик на словенечка Олимпија Љубљана, Милан Мандариќ, ќе инвестира во српскиот прволигаш Војводина. Како што објавија српските медиуми, американскиот бизнисмен со српско потекло, ќе стане потпретседател на фудбалскиот клуб од Нови Садд.
Неделава ќе се одржи клупско собрание, на кое како потпретседател ќе го придружува Мирослав Тањга, поранешен фудбалер на Војводина.
Доаѓањето на Милан Мандариќ во Војводина беше најавувано неколку пати претходно, но дури сега доби официјална потврда. Не е објавено колкав капитал Мандариќ ќе инвестира во Војводина, но клубот со вака богат тајкун во својата управа има светла иднина.