Бодрете ја Македонија против Словенија за само 50 денари! 

Македонската фудбалска репрезентација на 10 октомври против Словенија ги продолжува квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.

По триумфот над Летонија и освоениот бод на гостински терен против Израел, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со еден од главните конкуренти за висок пласман во нашата група, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените за билетите за овој меч. 

Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација, од понеделник, 23 септември, ќе можат да купат билети за натпреварот против Словенија, а истите ќе чинат од 50 до 200 денари. 

Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“. 

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0