ВИДЕО: Бодо/Глимт првпат во историјата шампион на Норвешка

Првпат во вековната традиција на клубот, Бодо/Глимт е шампион на Норвешка. Откако го совлада Стромсгодсет со 1-2, Бодо/Глимт на пет кола пред крајот на сезоната веќе има недостижна предност пред конкурентите.

Овој клуб е познат како расадник на таленти и клуб кој се потпира на својата академија. Сепак, во последните две децении клубот неколку пати испаѓаше во понизок ранг, па пак се враќаше. Годинава состави компетитивен тим и првпат го зграпчи националниот трофеј. 

  • Извештај од натпреварот: 

Јункер и Цинкернагел ги постигнаа головите вредни шампионска титула. 

Молде, кој беше шампион минатата година, не успеа да ја одбрани титулата.