Бочески: Да имавме вакво судење како нашите противници, сега ќе бевме лидери

Екипата на Кораб го совлада Охрид со 1-0, во вчерашниот дуел од осмото коло на ВМФП-Запад. Главниот судија Садик Таири е на удар на критики од охриѓани, бидејќи погодокот за победа го фудбалерите на Кораб го постигнаа од белата точка пред крајот на првиот дел.

„Рибарите“ долго негодуваа за пеналот кај Таири кој не беше на ниво за еден дерби натпревар.

„Во принцип не коментирам околу судиските одлуки, но делењето на правдата во Дебар ги премина сите граници. Прекршокот за пеналот немаше ниту мала основа за фаул, а не за најстрога казна. Можам да кажам дека Охрид да имаше ваквo судење изминативе натпревари ќе беше во самиот врв на табелата. За моите фудбалери немам замерки и им честитам за играта и борбеноста“, рече тренерот на Охрид, Драган Бочески.

Поразот во Дебар за Охрид беше втор во серија, а трет вкупно сезонава. Охридските „сино-бели“ шанса за враќање на победничките патеки ќе имаат против Тетекс на домашен на 24 откомври.