Бочели, Боно, Тоти и Неста главни ѕвезди на отворањето на ЕП во Рим

Вечерва со натпреварот Италија - Турција во Рим, официјално започнува Европското првенство во фудбал. На „Олимпико“ најавена е церемонија на отворање со светски познати музички ѕвезди. Андреа Бочели, Боно, Мартин Гарикс и Еџ ќе доминираат во програмата наречена „Триумф на Европското пренство“.

Андреа Бочели ќе ја испее аријата од Џакомо Пучини, „Несун Дорма“, а некогашните капитени на римските клубови Рома и Лацио, Франческо Тоти и Алесандро Нест ќе шутираат топки на трибините за да го означат враќањето на навивачите на фудбалските борилишта. 

Предвидени се 16.000 гледачи на трибините, а во центарот на Рим ќе се отвори „фудбалско село“ за 1.680 луѓе, како еден вид фан-зона на првенството.