• Сашо Поповски

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов ќе продолжи во Романија. Негов нов клуб ќе биде ФЦСБ од Букурешт.
Штипјанецот по само една година си замина од Шериф Тираспол, со кој лани настапи во Лигата на шампионите. Сега ќе се докажува во романското првенство, каде веќе го одржа првиот тренинг за новата екипа.
28-годишниот играч за врска е дете на Брегалница Штип. Сениорската кариера ја започна во Виторул Констанца. Потоа настапуваше за Вардар, Фехевар, Лече и Шериф, а од оваа сезона ќе го носи дресот на романскиот клуб.
ФЦСБ лошо ја започна новата сезона во домашното првенство. Победи на само еден меч и се најде во долниот дел од табелата.