Бобан Николов се врати во Романија во клубот од детството!

Македонскиот интернационалец Бобан Николов повторно ќе игра за Констанца, клуб кој се смета за наследник на некогашната Академија Хаџи, тимот во кој ги направи своите први младински чекори на интернационалната сцена.

По 12 години, Николов реши да се врати „дома“, на местото од кое започна неговата богата кариера и со клубот потпиша двегодишен договор.

По заминувањето од Борац Бања Лука ова лето, Николов избра да продолжи во Романија, земја во која ужива голем углед и каде остави длабока трага настапувајќи за повеќе клубови, вклучително и за славната Стеауа (ФЦСБ).

Кариерата на Николов го однесе низ повеќе европски клубови – од Вардар, преку МОЛ Фехервар во Унгарија, до Романија, Италија и Босна и Херцеговина. Со големото искуство стекнато низ годините, Николов ќе биде значаен адут во тимот на Констанца