• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Бобан Николов има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во странство. Играчот се договори со Борац Бања Лука и продолжува во БиХ, дознава Gol.mk.
Иако постоеја разговори за камбек во Вардар, договорот не се реализира. Николов ќе игра во Конференциската лига на УЕФА, заедно со Дамјан Шишковски и Себастијан Херера.
Фудбалерот се очекува во текот на следните денови да допатува во Бања Лука каде ќе следи промоција и потпис на договорот. За Николов, БиХ ќе биде петта странска земја по Романија, Италија, Унгарија и Молдавија.
30-годишниот играч за врска е дете на Брегалница Штип. Сениорската кариера ја започна во Виторул Констанца. Потоа настапуваше за Вардар, Фехевар, Лече, Шериф и ФЦСБ, а минатата сезона го носеше дресот на унгарска Кишварда.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.