Бобан Николов го напушти ФЦСБ, како слободен агент ќе бара нов клуб

Бобан Николов, македонскиот фудбалски репрезентативец одново ќе биде во потрага по нов клуб, откако го раскина договорот со ФЦСБ, на еден месец пред неговото завршување, тврди „Про Спорт“. 

Како што пишува романскиот медиум, сопственикот на клубот Џиџи Бекали не сакал да слушне за продолжување на соработката и двете страни се договориле за исплата на последната плата до крајот на договорот, така што Николов веќе има дозвола да бара нова средина.

Целата ситуација беше за очекување, затоа што големо незадоволство имаше и кај македонскиот играч за врска. Николов не бил задоволен од минутажата, иако добил ветување од тренерот дека ќе смета сериозно на него. 

Поради тоа Николов во јануари одби преселба во шпански второлигаш и се чини дека направи погрешка одлука. Сезонава одигра само единаесет натпревари во домашниот шампионат и само два во националниот Куп.