„BMW“ со 800 милиони евра станува нов спонзор на Баерн Минхен

Конечно е постигнат договор и „BMW“ ќе биде нов спонзор на Баерн Минхен, а со потпишувањето на договорот ќе треба да започне и големата реконструкција на тимот.

За официјализирање на новиот спонзорски договор, потребно е да биде раскинат договорот со Ауди, од кој моментално Баварците добиваат по 30 милиони евра годишно.

„И двете стани го потпишаа преддоговорот. Актиуелниот договор со Ауди на сила е до 2025 година, но се работи на тоа истиот да биде предвремено раскинат“, изјави Едмунд Штојбер.

Моментално Ауди има 8,33% од акциите на клубот, кои пред неколку години ги купи за 90 милиони евра, а сега се споменува дека од „BMW“ ќе добие 200 милиони евра само за да замине од клубот.

Се очекува дека целата операција за нов спонзор на Баерн Минхен, „BMW“ ќе го чини цели 800 милиони евра, а тимот од „Алијанц Арена“ ќе има годишно минимум по 80 милиони евра дополнителен приход само од автомобилската компанија.