• Мартин Танасковски
Дамјан Шишковски доби шанса во дресот на Борац Бања Лука откако неправедно беше оставен на клупата за резерви и целосно ја оправда. Блескаше на голот во победата над Сараево (0-2) во која Борац се врати во игра за титулата.
Репрезентативниот голман возеше повеќе од осум часа за да биде дел од овој натпревар, затоа што на клубот му беше потребен. Пристигна навреме, влезе во протоколот и имаше партија на сезоната. Со неколку спектакуларни интервенции го спаси својот тим и го вивна кон победата.
- Одбраните на Дамјан Шишковски против Сараево:
Овие три бода се многу важни за Борац, затоа што тимот дојде на три бода од лидерот Зрињски.