Блесокот на Дориев во Согдиана му донесе награда за најдобар странец во Узбекистан!

Македонскиот фудбалер Љупчо Дориев официјално е избран за најдобар странски играч во првенството на Узбекистан, каде сезонава блеска со одлична форма и постигна шеснаесет голови. 

Дориев комплетно се пронајде во дресот на Согдина, за која сезонава одигра 30 натпревари и остави навистина одличен впечаток. 

За него ова е трета сезона во Узбекистан, а претходно настапуваше Шкендија и Брера Струмица. Добрата форма и голгетерскиот учинок можат да бидат добра препорака за следниот селектор на Македонија, кој веројатно ќе треба да размисли околу евентуален повик за националниот тим.