ВИДЕО: Блесок на Жиру, Челзи на Лампард ја запиша првата победа во подготовките!

Англискиот гигант Челзи славеше победа од 4-0 над Сент Патрик во вториот контролен натпревар во летните подготовки за следната сезона.

По ремито со Бохемијанс, избраниците на новиот менаџер на тимот, Френк Лампард, одиграа фантастичен натпревар на „Ричмонд Парк“, а особено на ниво беше искусниот Оливие Жиру.

Во првиот дел мрежата на Сент Патрик ја погодија Мејсон Маунт и Емерсон во 14. и 31. минута, додека во вторите 45 минути двапати во листата на стрелците се запиша искусниот француски репрезентативец.

  • Извештај од натпреварот: 

Лампард на сите фудбалери им даде шанса да играат по едно полувреме, а без настап останаа само првиот голман Кепа и Н'голо Канте.