ВИДЕО: Блесок на „синиот бисер“ - првенец на Маунт во ПЛ

По серијата на промашувања и удари во стативата на „Олд Трафорд“, Челзи го постигна првиот гол во новата Премиер лига. На последниот неделен натпревар од второто коло на Премиер лигата, Мејсон Маунт по само седум минути го отвори резултатот на „Стемфорд Бриџ“ на дуелот против Лестер Сити.

Невниманието на Ндиди, го искористи младиот фудбалер на Челзи, му ја украде топката и го матира Каспер Шмајхел.

  • Голот на Мејсон Маунт:

Лампард овој дуел го започна со десет стартети од натпреварот од Суперкупот против Ливерпул, а ново име од првата минута е само Маунт на местото на Ковачиќ.