ВИДЕО: Блесок на Севиља во дербито за ЛШ со Хетафе

Севиља во рамки на шпанска Примера во дербито за пласман во Лигата на шампионите против Хетафе (0-3) дојде до три бода и ја прекина кризата од три кола без победа во елитата.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот од Андалузија имаше одличен натпревар, а Хетафе само еднаш шутна во рамките на голот на гостинот. Ова е важна победа за Севиља, во борбата за најдобрите четири места во шпанскиот фудбал.

Што се однесува од натпреварот, беше нерешено до 43. минута, кога Окампос успеа да погоди. Потоа следеа два брзи гола на Фернандо и на Кунде во 67. и 75. минута за мат на Хетафе и голема гостинска победа.

Севиља со оваа победа е на третото место, додека Хетафе падна на четвртата позиција.