ВИДЕО: Блесок на Сансет, со три гола го отпиша Кадиз

Екипата на Атлетик Билбао конечно стави крај на лошата серија и победи во Примера, откако пред својата публика со убедливи 4-1 го совлада составот на Кадиз.

Билбао и Кадиз одиграа фантастичен натпревар во Баскија, крунисан со многу возбудувања, фудбалски моменти и дури пет гола. Домашните фудбалери први зададоа удар и поведоа со 1-0 уште во десеттата минута. Стрелец на голот беше Оихан Санкет Тирапу, но само 15 минути подоцна Гонзало Ескаланте го врати Кадиз во игра и израмни на 1-1. 

Погодокот на аргентинскиот ас не ја наруши атмосферата во редовите на домашниот тим, напротив, донесе поголем мотив и два брзи гола за комотни 3-1 на полувреме. Сансет со својот втор вечерашен гол одново го доведе својот тим во предност, додека Алварез во 44. минута стрелаше за 3-1. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во вториот дел Билбао иако остана со играч помалку, поради исклучувањето на Берчиче, во 75. минута уште еднаш ја затресе гостинската мрежа, а повторно стрелец беше Сансет за конечни 4-1.

Состави

Ernesto Valverde

4-2-3-1

    Серхио

    4-4-2