Блесок на најдобриот на светот: Дембеле даде два гола во дербито со Лил, вториот е мајсторија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо славеа во дербито против Лил (3-0) во 18. коло на француската Лига 1. Шампионот демонстрира сила и не дозволи неизвесност во средбата на „Паркот на принцовите“.

Свое шоу во Париз имаше најдобриот играч на светот за 2025 година, Усман Дембеле. Освојувачот на „Златната топка“ го отвори резултатот во 33. минута по голот на Витиња. Во вториот дел течеше 64. минута кога Дембеле даде и втор гол, а тој беше вистинска мајсторија. Тој одлично се снајде на мал простор, па со атрактивен лоб го матира гостинскиот голман (2-0). 

До крајот на средбата мрежите се тресеа уште еднаш, а стрелец на голот за конечните 3-0 беше Бредли Баркола во 93. минута. 

  • Извештај од натпреварот:

ПСЖ барем до утре ќе биде лидер во Лига 1, бидејќи има 42 бода, два повеќе од Ленс кој го дочекува Оксер. Од друга страна Лил се наоѓа на четвртата позиција со 32 бода.