ВИДЕО: Блесок на мега-талентот Грозданова со страшен гол за Македонија!

Женската фудбалска репрезентација на Македонија славеше над Андора (3-0) во квалификацискиот циклус за Светското првенство, а моментот на мечот го имаше големиот талент Меланија Грозданова.

17-годишната фудбалерка која ја следи италијански Јувентус во изминатиот период, имаше фантастичен потег. По една комбинација со уште еден бисер на македонскиот фудбал, Теона Галабовска и Илза Максути, Грозданова направи одличен дриблинг и даде уште подобар гол.

Младата макеоднска репрезентативка на овој натпревар покажа дека вреди и дека на неа мора да се смета сериозно во иднина во националниот тим.