• Саше Љолес

Фудбалерите на Интер им се вратија на победите и славеа над Емполи со сигурни 3-1 (0-0) во натпреварот од 21. коло во италијанската Серија А. Актуелниот шампион го осигура триумфот со головите на капитенот Лаутаро Мартинез, Маркус Турам и Дензел Дамфрис.
Домаќините упатија само еден шут во голот во текот на првите 45 минути, а мрежите до паузата останаа во мирување. Тргна Интер силно на стартот од вториот дел, повторно беше опасен во офанзива, но не успеваше да ја пробие одбраната.
Се чинеше дека нападот е малку стерилен и безидеен, но во тој момент се појави Лаутаро Мартинез, кој постигна прекрасен погодок од скоро 25 метри и донесе радост на „Џузепе Меаца“ во 55. минута.
Следуваше период на доминација од домашниот тим, неколкуте шанси во низа кулминираа со голот на Дамфрис, кој биеше со глава од корнер во 79. минута, запишувајќи го својот петти првенствен погодок. Емполи се врати со голот на младиот Себастијано Еспозито (на позајмица токму од Интер), но не успеа да направи ништо повеќе. Конечните 3-1 беа реален приказ на случувањата на теренот, а ги постави Маркус Турам во 89. минута. За Французинот ова е прв гол во 2025 година.
- Интер - Емполи 3-1:
Интер сега има 47 бодови, три помалку од Наполи, но тимот на Антонио Конте има меч повеќе од „нероаѕурите“. Емполи е на 14. позиција со вкупно дваесет бода.
Екипата на Лацио славеше убедлив триумф со 0-3 на гостувањето кај Верона. Гиго, Закањи и Диа ги донесоа бодовите за римјаните.