ВИДЕО: Блесок на капитенот Лаутаро, нова победа за Интер во Серија А

Екипата на Интер се избори за нова победа во Серија А, откако славеше минимален триумф на гостувањето кај Удинезе (0-1) во натпреварот од 21. коло. 

  • Извештај од натпреварот:

„Нероаѕурите“ стигнаа до трите бода со голот на капитенот Лаутаро Мартинез, кој погоди во дваесеттата минута и донесе огромна радост кај гостинските навивачи. Удинезе се трудеше да возврати во првиот дел, но сепак замина на паузата со минимална негатива (0-1).

Интер повторно имаше конкретни шанси во второто полувреме, се обидоа Михтарјан, Лаутаро и нововлезениот Бони, но не успеа да ја удвои предноста до крајот. Голот на Мартинез се покажа како доволен на крајот, и покрај малиот притисок на домаќините во финишот. 

Интер повторно има „плус шест“ во однос на Милан и покажува солидна форма во исклучително густиот календар во јануари. Следен првенствен предизвик за лидерот на табелата е натпреварот против Пиза на домашен терен.