Блесок на Јамал, Барса го испрати Сеул со СЕДУМ „парчиња“ во мрежата

Шпанската Барселона немаше големи проблеми на ефикасниот пријателски натпревар против корејскиот Сеул и славеше огромен триумф со конечен резултат 3-7 (2-3). 

  • Извештај од натпреварот:

Сеул одигра солидно прво полувреме и имаше само гол негатива, но потоа каталонскиот гигант ја покажа својата сила и не дозволи никакво изненадување. Младиот Ламин Јамал беше автор на два гола, а во листата на стрелците по еднаш се запишаа Роберт Левандовски, Андрес Кристенсен, Гави. Два погодока постигна и шпанскиот репрезентативец, Феран Торес.

Барселона на програмата има уште две контролки, една против корејскиот Даегу и уште една против италијанскиот Комо. Сезоната во Примера ќе ја отвори со гостување кај Мајорка на 16 август. 

ФОТО/PHOTO: FC Barcelona/Facebook