ВИДЕО: Блесок на Фирмино, Ливерпул сигурен во „генералката“ пред ПЛ

Екипата на Ливерпул со победа над Осасуна (3-1) ги заврши подготовките и ја најави новата сезона во англиската Премиер лига.

  • Извештај од натпреварот:

Шампионот од пред две години го одигра последниот меч пред стартот на елитата на посакуваното ниво. Три гола во мрежата на ривалот беа постигнати во првото полувреме, па во вториот дел беше полесно да се игра и да се ротира.

Блесок на натпреварот имаше Роберто Фирмино, кој беше двоен стрелец во мрежата на шпанскиот тим. Бразилецот погоди во 21. и 41. минута, по асистенции на Цимикас, односно Минамино. Во првото полувреме исто така автогол си постигна Аресо, за предност од 1-0. Во вториот дел Клоп направи шест замени, а Осасуна преку Кике во 75. минута го намали поразот.

Ливерпул ја отвора сезоната во Премиер лигата овој викенд на домашен терен, а противник е Норич.