ВИДЕО: Блесок на Елмас, Македонија ја прегази вообразената Словенија!

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжи со добрите резултати во циклусот за Европското првенство (ЕП) во 2020 година. На домашен терен ја фрли на колена Словенија (2-1) и освои значајни три бода со кои остана во игра за пласман на континенталниот собир.

Вообразените Словенци во Скопје приситнаа со високи амбиции, ја потценија нашата репрезентација, а избраниците на Ангеловски возвратија со стил. Противникот на терен беше тотално надигран, оставен само на една сериозна шанса, а за Љубљана си заминува со два гола во мрежата. Блесок имаше младиот фудбалер Ељиф Елмас, кој одигра нов меч од соништата за Македонија и со два гола ги водеше „црвено-жолтите“ до победа.

Дуелот меѓу двете репрезентации даде не премногу допадливи први 45 минути и без сериозни прилики на обете страни. Македонија играше претежно во средината на теренот и се обидуваше потоа преку центаршути да дојде до шанса, но само со шутеви од далечина кои завршија во рацете на Облак немаше прилика да ја пробие словенечката одбрана. Гостинот констатно напаѓаше по левата страна каде играше Џани Алиоски, кој покриваше и во напад, а истовремено му помагаше и на Ристевски во одбрана. Сепак, немаше сериозна прилика кон голот на Димитриевски и сите обиди завршија далеку од рамката на голот.

Од првата сериозна шанса во првото полувреме, Македонија постигна гол. Пред финишот на првиот дел, Ељиф Елмас ја стресе мрежата на Јан Облак по асистенција на Илија Несторовски, меѓутоа арбитрите проценија дека има офсајд затоа што Николов бил пред Јан Облак и влијаел на играта, во недозволена позиција. Од гледалиштето негодуваа, но, сепак, одлуката остана иста.

На стартот на вториот дел правдата беше задоволена, затоа што Ељиф Елмас успеа да го отвори резултатот, во 50. минута од мечот. Младиот играч доби топка од Пандев и со елегантен лоб го надмудри еден од најдобрите голмани во светот, Јан Облак (1-0).

1-0 Елмас, 50'

Првата сериозна шанса на мечот Словенија ја имаше дури во 66. минута. Јосип Иличиќ си создаде простор по десната страна и биеше, но Столе Димитриевски со одлична одбрана изби во корнер, по кој, следеше добра одбрана, молскавична контра на Македонија и нов гол.

2-0 Елмас, 68'

Аријан Адеми ја извлече топката од шеснаесетникот и дојде до средината на теренот, каде го пронаде Алиоски. Тој забележа дека Елмас од левата страна е сам, па го проигра, а нашиот „дијамант“ излезе сам пред Облак и го совлада со шут по земја, вторпат на овој меч (2-0).

Потоа очекувано Македонија ја смири играта, а Словенија беше таа што притискаше, но немаше реализација. Сепак, од спорно досудениот пенал во судиското надополнување Иличиќ ги постави конечните 2-1 и го ублажи заслужениот пораз.

2-1 Иличиќ, 90+5' (пенал)

Следниот меч од октомврискиот квалификациски прозорец, Македонија го игра на гостински терен кај Полска (13 октомври), додека Словенија на домашен терен ќе ја пречека Австрија.

Состави

Igor Angelovski

3-4-3

    Matjaz Kek

    4-4-2

      Европско првенство, Квалификации, Група G
      ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
      1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
      2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
      3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
      4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
      5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
      6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0