• Мартин Танасковски

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рафаел Боре, постигна атрактивен гол за Колумбија во победата над Јапонија (2-1) во контролниот натпревар кој се одигра на гостински терен.
Играчот на Колумбијците во 61. минута изведе фантастичен потег во казнениот простор и ја стресе мрежата на Јапонија. Овој гол го обиколи фудбалскиот свет и доби пофалби од сите.
- Голот на Боре против Јапонија:
За 27-годишниот Боре ова беше трет погодок во дресот на колумбиската фудбалска репрезентација.