ВИДЕО: Блескав кам-бек на Елмас во Серија А, но Торино загуби во 90. минута

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одигра одлично во дресот на Торино на првиот настап на кам-бекот во Серија А, но Болоња ги освои бодовите (2-3) во еден супер-возбудлив дуел кој го отвори колото.

Два пресврти понуди мечот на „Ренато Дел'Ара“, а бодовите ги однесе домашната екипа која имаше подобар финиш. Прва на средбата поведе Болоња преку Ндоје во 20. минута, а откако Влашиќ израмни во 37. минута, тоа беше резултатот и на паузата.

Тренерот Ваноли му даде шанса на Елмас во второто полувреме, го внесе во 62. минута, а само три минути подоцна, се исплатеше довербата. „Дијамантот“ постигна атрактивен гол за пресврт, арно ама Торино не додржа.

  • Извештај од натпреварот:

Прво во 70. минута следеше пенал кој Ндоје го претвори во гол за израмнување, а потоа пред самиот финиш, во 90. минута, Бираги си даде несреќен автогол за пораз на „биковите“ кои се на 11 место на табелата во Серија А.