ВИДЕО: Бледо издание на „светците“, Рамос во 97. минута донесе бод за ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ не ја оправдаа фаворитската улога и ремизираа со конечни 1-1 (0-1) против екипата на Рен во натпреварот од 23. коло на француската Лига 1. 

  • Извештај од натпреварот: 

„Светците“ од Париз одиграа многу бледо прво полувреме, во кое Рен успеа да го отвори резултатот, а потоа и ја задржа минималната предност на паузата (0-1) . Стрелец за гостите беше Амин Гуири во 33. минута. 

Избраниците на Луис Енрике очекувано тргнаа во посилен налет на стартот од вториот дел и бргу создадоа неколку изгледни прилики, но мака мачеа со реализацијата и никако не успеваа да дојдат до израмнувачки погодок. Домашните навивачи им дадоа огромна поддршка на своите миленици, а тие возвратија со гол дури во последните секунди од натпреварот. 

Се играше 97. минута, кога ПСЖ се избори за пенал, а прецизен реализатор на најстрогата казна беше Гонзало Рамос, кој донесе бод за својот тим и ги постави конечните 1-1. Залуден беше огромниот посед на топката за домашните, кои се обидоа вкупно трипати кон гостинскиот гол, па се чини дека Рен сосема заслужено извлече бод од тешкото гостување во „градот на светлината“. 

ПСЖ останува убедлив лидер во Лига 1 со 54 бодови и има голема предност пред второпласираниот Брест, додека Рен сега е на седмата позиција, со вкупно 35 бодови на своето салдо. 

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Хорхе Сампаоли

    4-4-2