ВИДЕО: Бледата Аталанта падна во Реџо Емилија кај Сасуоло

Фудбалерите на Аталанта претрпеа пораз во рамките на 21. коло на Серија А, откако загубија на гостувањето на „Мапеи“ кај Сасуоло со 1-0 (0-0). 

  • Извештај од натпреварот: 

На самиот старт првата закана а имаше Дефрел, чиј удар го скроти Мусо. Веројатно клучен на натпреварот беше моментот кој се случи по половина час игра кога Јоаким Меле заработи директен црвен картон. Холанѓанецот невнимателно, со отворен ѓон стартува врз Доменико Берарди и заслужено беше исклучен. 

Сасуоло имаше целосна контрола врз играта и повеќе напаѓаше, кружеше околу противничкиот шеснаесетник и се обидуваше да дојде до предност. Победоносниот погодок беше дело на Арманд Лауриенте. Крилото неочекувано биеше откосо и ги изненади противниците, па во 55. минута стрела за 1-0. До крајот на мечот Аталанта можеше да израмни преку Де Рон, додека на спротивната страна најблизу до гол беше Недим Бајрами. Во самиот финиш под притисок потпадна и Луис Муриел кој во шестата минута од судиското продолжение „поцрвене“.

Ова беше втора победа во низа за Сасуоло, откако во минатото коло го посрамотија Милан со 2-5. 

Состави

Алесио Дионизи

4-3-3

    Gian Piero Gasperini

    3-4-2-1