• Зоран Мишевски

Лоран Блан и неговиот Лион продолжуваат со победи по тренерскара смена пред десетина дена. Поранешниот француски селектор го предводеше Лион до победа против Лил со 1-0 (0-0), во тежок тактички дуел на францускиот стручњак со Португалецот Фонсека.
- Лион - Лил 1-0:
Александер Лаказет погоди во 74. минута по асистенција на Николас Таљафико и донесе три бода за екипата на Лион. Истиот фудбалер погоди за три бода против Монпелје пред една недела. Лион сега избир на осмото место на табелата со 20 бода.
- Лориент - Ница 1-2:
Ница со пресврт славеше со 1-2 на гостувањето кај Лориент. Катара донесе предност за „портоколавоите“, но Атал и Лаборд донесоа пресврт и големи три бода за екипата на Лисиен Фавр.
- Оксер - Ажаксио 1-0:
Попладнево Оксер славеше против Ажаксио со 1-0, а Монако го надигра Анжер со 2-0,
ПСЖ е лидер со 35 бода, пет повеќе од Ленс и осум од Рен и Олимпик Марсеј.