ВИДЕО: Бламажа на Србите во Украина, Шпанија лесно против Фарски Острови! 

Фудбалската репрезентација на Србија и по вториот натпревар сè уште е без победа во евро-квалификациите, откако по ремито со Португалија, загуби на гости кај Украина. 

Селекцијата предводена од легендарниот Андреј Шевченко со убедливи 5-0 славеше против „орлите“, во меч во кој Украинците доминираа во текот на сите 90 минути и упатија дури 22 удари кон голот на Дмитровиќ. Клупата на Младен Крстајиќ од вечерва засилено се ниша. 

По почетните мирни минути Виктор Циганков експлодира и за само две минути постигна два супер-гола. За 1-0 стрелаше во 26. минута на асистенција на Караваев, додека во 28 минута испрати вистински проектил кој беше неодбранлив за гостинскиот голман (2-0).

Само што започна вториот дел Евген Конопљанка донесе нов шок за Србија и погоди за 3-0, додека по една фантастична тимска акција Јеремчук ја заби топката во гостинската мрежа и зголеми 4-0. Конечните 5-0 беа дело на Конопљанка во 75. минута.  Во следното коло Украина пред својата публика ќе ја пречека селекцијата на Луксембург, додека Србија прва победа ќе брка дома против Литванија. 

Поранешниот европски и светски шампион Шпанија запиша нови три бода во квалификациите, откако на гости со сигурни 1-4 извојува победа над селекцијата на Фарски Острови. Прашањето на победникот на мечот беше решено по само 20 минути игра, кога Рамос и Навас донесоа шпанска радост, додека останатите два гола на „фуријата“ ги постигаа Гаја и Гестон (автогол). За домаќинот единствениот погодок го постигна Олсон за 1-2.

Од вечерашната програма за издвојување се и реми исходите меѓу Данска и Ирска и Црна Гора и Косово (1-1).

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 7 6 1 0 15:2 13 19
2 ПортугалијаПортугалија 7 4 2 1 20:6 14 14
3 СрбијаСрбија 7 4 1 2 15:15 0 13
4 ЛуксембургЛуксембург 7 1 1 5 7:14 -7 4
5 ЛитванијаЛитванија 8 0 1 7 5:25 -20 1