Благојче Коњарски се врати во Лабуништа

Македонскиот фудбалер Благојче Коњарски направи трансфер во овој преоден рок и од редовите на Пелистер се пресели во една од екипите со амбиции за влез во ПМФЛ, тимот на Лабуништа.

Коњарски, кој има 29 години и настапува во средниот ред, беше дел од битолскиот тим во изминатиот период, но реши пак да се врати во позната средина. Во редовите на Лабуништа, Коњарски ќе игра по една година. 

Покрај Коњарски, ново име во редовите на Лабуништа е и Мугни Опре, кој доаѓа од тимот на Кораб.