Благојче и Димитар Иванови први засилувања за Тиквеш

Екипата на Тиквеш почна да се засилува за новата сезона во Втората лига и донесе две нови имиња во своите редови.

Се работи за Благојче Иванов и за Димитар Иванов, кои се први засилувања за кавадарчани за наредната сезона. 

Благојче Иванов има 20 години, настапува на голманската позиција, а во кариерата досега беше дел од Силекс и Металург. Димитар Иванов, пак, има 24 години, игра како десно крило и доаѓа од Кожуф, а претходно настапуваше за Силекс, Еуромилк, Металург, Тетекс, Вардар, Љубанци.

Тиквеш оваа година играше бараж за влез во елитата, но не успеа, а за наредната година најави пак шампионски амбиции и голема борба за влез во ПМФЛ.