Благоја Љамчевски раскина со Победа и се врати во матичниот Пелистер

Левиот бек Благоја Љамчевски го раскина договорот со прволигашот Победа и веднаш премина во соседниот Пелистер. 31-годишниот изданок на битолската школа зимава ја напушти екипата на Шкупи и премина во Победа, каде што настапуваше на неколку пријателски натпревари.

Сепак, заради финансиски причини го напушти полуфиналистот на Купот и се врати во Пелистер по третпат во кариерата. Од утре повозрасниот од браќата Љамчевски ќе тренира со новите соиграчи и официјално ќе биде претставен под „Тумбе кафе“.

Благоја Љамчевски пак ќе настапува со својот помлад млад Петар, со кого играше и во Металург и исто така во Пелистер. Дарко Крстески добива искусно засилување и заедно со Маркоски, Ганчев, Шопоски, Пановски, Трајчевски и Петар Љамчевски ќе го направат финалистот на Купот од последните две сезони многу покомпетитивен.