• Мартин Танасковски

Второлигашот Кожуф продолжува активно да го засилува тимот за продолжението од сезоната, а најново засилување во редовите на гевгелискиот клуб е младиот напаѓач Благој Стојчев, кој пристигнува од прволигашот Тиквеш.
Станува збор за 20-годишен фудбалер од Битола, висок 182 сантиметри, кој покрај позицијата централен напаѓач може успешно да одговори и на задачите како офанзивен играч за врска или десно крило.
Стојчев е производ на младинската школа на Пелистер, а во 2023 година направи трансфер во Новаци. Добрите настапи во второлигашката конкуренција му донесоа чекор напред во кариерата и премин во Тиквеш во август 2025 година, каде доби можност да настапува во македонската Прва лига.
Во тековната сезона беше дел од кавадаречкиот состав, но сега се одлучи за нов предизвик и преселба во Гевгелија, каде ќе го носи дресот на Кожуф.





