Благодарност за Мегваер, па удар за Лион: Златни бодови за Сент-Етјен (ВИДЕО)

Големото француско дерби меѓу Сент-Етјен и Лион заврши со победа на домашните (2-1) со која си направија чекор напред во тешката битка за опстанок, а на големиот ривал му го загорчија животот во битката за Лигата на шампионите.

Едно од најголемите француски дербија го одбележа и прекин, затоа што беше удрен помошникот судија со паричка во главата. Откако беше испразнет тој сектор, дуелот продолжи, а победи домашниот тим. Во фокусот беше и однесувањето на навивачите кон големиот ривал Лион, имаше провокации за елиминацијата од Лига Европа од Манчестер Јунајтед со голот на Хари Мегваер во екстра-времето.

Што се однесува до резултатот Сент-Етјен поведе во 10. минута преку Стасин, па следеше подолг прекин заради инцидентот со судијата. Откако мечот продолжи, домашниот тим во вториот дел со вториот гол на Стасин зголеми на 2-0, а Лион го ублажи поразот преку Тесман во 76. минута.

Сент Етјен е претпоследен на табелата со 27 бода, три помалку од Анже и првата безбедна позиција во Лига 1. Лион, пак, е шести со 51 освоен бод.