Бјелица: Играме како Барселона, ама се бориме за опстанок!

Унион Берлин забележа нов пораз во Бундеслигата, откако во првиот натпревар од 29. коло со 2-0 беше совладан на гостувањето кај Аугсбург. Тоа беше втор лигашки пораз во низа за тимот предводен од Ненад Бјелица, како и трет натпревар во низа во кој не успеаја да победат. 

„Билд“ пишува дека Бјелица го вклучил „алармот“ во клубот.

„Ние сме вклучени во борбата за опстанок. Секој што не го разбира тоа нема врска. Се работи за егзистенција и постоењето. Овој клуб мора да остане во Бундеслигата, сите мора да го разберат тоа, да им влезе во глава.

Ова што го кажувам не е само адресирано до тимот. Многу медиуми се чини дека не се свесни дека сме во борба за останок. Сè што читам е дека сме во безбедна зона. Ова е проблем. затоа што играме како да сме мирни, така се однесуваме пред противничкиот гол. Имаме шанса да шутираме, но се трудиме да играме како да сме Барселона. Ние сме во жестока борба за да останеме во лигата, тоа мора да го сфатат сите“, истакна Бјелица.

Унион Берлин следниот натпревар ќе го одигра за седум дена. Момците на Бјелица ќе му гостуваат на Баерн.

Состави

Jess Thorup

3-5-2

    Marco Grote

    3-5-2