• Иван Димовски
Хрватскиот тренер Ненад Бјелица го презеде германскиот тим Унион Берлин. Тој по својата авантура во Трабзонспор продолжи во Бундеслигата, а има шанса да го води Унион и во Лигата на шампионите.
Според пишувањата на турските медиуми, Бјелица сака во Германија да го „повлече“ и македонскиот капитен Енис Барди. Нашиот репрезентативец беше омилен играч на Хрватот, единствен, кој ги одигра сите шеснаесет натпревари под негово водство, а забележа три гола и две асистенции.
Бјелица е познат по тоа дека знае да доведе свои поранешни играчи во новата средина. Барди е негова желба, а веројатно ниту Трабзонспор нема да има ништо против ако Германците се спремни да платат за трансферот. Во Турција, Барди пристигна од Леванте за сума од три милиони евра, а останува да видиме дали ќе направи трансфер во Бундеслигата...