Бизарна случка во Струмица: Гаги погоди, па се удри во метален столб зад голот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкупи успеаја да дојдат до предност од 0-1 на гостувањето кај Академија Пандев во ПМФЛ. Иако избраниците на Гоце Седлоски останаа со десетмина на теренот во Струмица, откако Али Адем брутално стартува врз противник, сепак тоа не влијаеше на резултатот. 

Течеше 27. минута од мечот, по слободен удар на Алварез топката заврши на втората статива кај Гаги Маргбелашвили. Грузиецот успеа да ја смести во голот, меѓутоа настрада потоа бидејќи се удри во металниот столб кој ја држи мрежата. 

Гаги се пожали на повреда, меѓутоа по кратката интервенција на медицинскиот тим се врати во натпреварот.