• Горан Упале

Во петтото коло во шпанска Примера, актуелниот освојувач на Лига Европа, Севиља со нула бодови на контото и на 20. место на табелата го пречекува Лас Палмас, тим кој има два бода повеќе и се наоѓа на 18. место.
Гостинскиот тим доживеа навистина бизарна ситуација пред натпреварот. Дури 15 играчи на Лас Палмас биле во кафуле на аеродромот, а кога било време за качување, не можеле да го најдат својот терминал, па се изгубиле и на крај го пропуштиле летот за Севиља.
Клубот мораше итно да реагира и да испрати чартер лет, за фудбалерите навреме да стигнат во Андалузија.
Лас Палмас е клуб од истоимениот град на Канарските Острови, најјужната шпанска територија. Сезонава треба да одат со авион на сите првенствени гостувања. Архипелагот е на помалку од 100 километри од Африка и 1600 километри од Шпанија.