Бизарна сцена пред дербито: Голманот на ПСЖ се судри со соиграч на загревањето! (ВИДЕО)

Необична ситуација го одбележа загревањето за дербито меѓу Лил и ПСЖ, откако првиот голман на парижаните, Матвеј Сафонов, доживеа непријатен судир со својот соиграч.

Сафонов, при еден обид да интервенира на топка, жестоко се судри со резервниот голман Лука Шевалие, кој токму од Лил пристигна во ПСЖ минатата сезона. Русинот веднаш остана на тревникот и мораше да му биде укажана помош, а снимката од бизарниот момент експресно се прошири на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, Шевалие мораше дополнително да го засили загревањето и да биде подготвен за евентуален неочекуван пресврт. Сепак, Сафонов успеа да се опорави и го започна дербито од првата минута, додека Шевалие остана на клупата. ПСЖ едвај се спаси од пораз на ова гостување, откако постигна два гола во судиското надополнување за 2-2.