Бизарна сцена: Фулам одби да изведува пенали, Малага шутираше на празен гол и победи! (ВИДЕО)

Неверојатна сцена се случи на „Ла Росаледа“, каде што Малага и Фулам одиграа 2-2 во пријателски натпревар на турнирот „Коста дел Сол“. На крајот се случи бизарна сцена, бидејќи англискиот тим одби да учествува во пенал-рулетот и едноставно замина во соблекувалната.

Сепак, од Фулам тврдеа дека пеналите не биле предвидени во договорот за одигрување на натпреварот. Дополнителен проблем бил и фактот што англискиот тим веднаш по натпреварот требало да тргне кон аеродромот за лет кон Лондон. По последниот свиреж, домашните навивачи со свирежи го испратија Фулам, кој остана на својот став и не излезе на пенали.

Интересно беше дека Малага реши да изведе еден пенал на празен гол, погоди и го доби пехарот на овој пријателски турнир.