ВИДЕО: Бизарен пенал во Турција - играч намерно си ја фати топката со рака

Екипите на Галатасарај и Кајзериспорт одиграа реми со по еден гол (1-1) во турската Суперлига. 

Гигантот на Турција се мачеше против аутсајдерот и по првиот дел немаше голови, а Галата поведе од белата точка по еден час игра. Сепак, начинот на кој гостинот направи пенал беше навистина бизарен, бидејќи Мугдат Челик кој беше паднат на земја, намерно со рака ја повлече топката од пред противничката нога. 

  • Видео од бизарниот пенал: 

Казнениот удар го реализира Диање, а Челик доби црвен картон и беше исклучен. И покрај тоа, Кајзериспор направи подвиг и освои бод со голот на Кампанхаро во продолжението.