ВИДЕО: Бизарен пенал на Канга, сите се чудат како овој казнен удар заврши со гол!

Црвена звезда синоќа пред своите гледачи го совлада Радник од Сурдулица со 3-1, во натпреварот од 14. коло од Суперлигата, а голот за кој сите зборуваат падна во 90. минута, кога Гелор Канга постигна комичен погодок од пенал.

Црвена Звезда ја оправда улогата на фаворит и успеа да дојде до нови три бода, иако Радник пружи силен отпор на стадионот „Рајко Митиќ“. Домашните поведоа во 19. минута кога Мијатовиќ, по асистенција на Иваниќ, постигна гол за 1-0. Во 54. минута Шпаниќ ја затресе мрежата на Радник за 2-0. Сепак, гостинскиот тим успеа некако да се врати во мечот кога Томашевиќ на дваесет минути пред крајот намали на 2-1. Победникот беше решен во 90. минута кога судијата досуди удар од белата точка. Одговорноста од белата точка ја презеде Канга, чиј удар го одбрани Ранѓеловиќ, но топката чудно се одби од тревникот и на изненадување на сите на крајот заврши во мрежата на Радник.

Ваков комичен гол од пенал одамна не е виден во фудбалот, а за ситуацијата во Белград зборува цел регион.

  • Бизарниот пенал на Канга против Радник: 

Црвена Звезда доцни зад лидеерот Партизан, а и во Европа има само еден бод од три натпревари, па клупата на Израелецот Бахар не е така сигурна како на почетокот на сезоната.