Бизарен момент за Марио Младеновски: Не ја извади бурмата кога влезе во игра и... (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Славен Белупо и Вараждин го одбележаа повеќе бизарни ситуации, а една од нив беше на македонскиот стопер Марио Младеновски.

Дефанзивецот влезе во игра во второто полувреме, но судијата ја прекина играта. Сите се чудеа што се случува на теренот, а потоа камерите го доловија моментот. Кога Младеновски влегол на терен, не ја извадил бурмата, па мораше да излезе и да го „поправи“ тоа.

Како што кажа хрватскиот коментатор - „се за љубов“! На овој меч настапи и Илија Несторовски кој промаши пенал за Славен Белупо.