ВИДЕО: Бизарен автогол на прилепчани во снежните услови кај Арсими

Фудбалерите на Победа Прилеп катастрофално го отворија гостувањето кај Арсими во рамките на 13. коло на ВМФЛ. Пресметката доцнеше со својот старт бидејќи официјалните лица се двоумеа дали има услови за игра. 

На самиот старт на мечот во тетовска Голема Речица почна да вее многу снег. Тоа дополнително ги отежна можностите за игра на и онака потопениот терен. Несреќен старт имаа прилепчани, бидејќи тргнаа со бизарен автогол. Во обид да расчисти еден од дефанзивците сам го измами својот голман Николоски, сакајќи само да ја смири топката. 

  • Автоголот на Победа во Голема Речица:

Катастрофалниот старт на Победа во лошите услови за игра резултира со уште два примени гола до истекот на седмата минута од натпреварот.