ВИДЕО: Бизарен автогол ја одбележа Куп-елиминацијата од второлигаш на ТСЦ и Мирчевски

Фудбалерите на ТСЦ Бачка Топола беа елиминирани во првата рунда на Купот на Србија, откако на пенали загубија од Смедерево со 5-4. По регуларниот дел од мечот беше 1-1, а потоа второлигашот подобро изведуваше удари од единаесет метри. 

Овој натпревар го одбележа автоголот кој си го постигна искусниот дефанзивец на ТСЦ, Душан Цветиновиќ. Тој не забележа каде е позициониран голманот и без гледање ја врати топката кон мрежата, па Смедерево поведе со 1-0.

Иако ТСЦ успеа да избори пенали со погодокот на Влалукин, сепак со еден промашен пенал рано се прости од најмасовното српско натпреварување.

Мартин Мирчевски беше стартер во тимот на ТСЦ, ама не успеа да помогне за пласман во следната рунда.