• Саше Љолес
Интер Мајами пред неколку дена се збогуваше со Херардо Мартино, а на неговото место ќе пристигне негов сонародник, кој воедно беше и соиграч на Лионел Меси во Барселона.
Американските медиуми објавија дека Дејвид Бекам постигнал договор со Хавиер Маскерано и тој наскоро ќе пристигне да го потпише договорот, а во целата процедура се претпоставува дека се вклучил и Меси, кој имал голема желба да соработува со својот стар пријател од аргентинската репрезентација.
Маскерано последните три години го предводеше младинскиот тим на „гаучосите“ на две големи натпреварувања, но не успеа да забележи посериозен успех. Тренерската кариера ја започна во 2021 година.