Бивш „самурај“ ќе ја води селекцијата на Јапонија

Поранешниот јапонски фудбалски репрезентативец, Хаџиме Моријасу е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Јапонија.

Моријасу на тренерското столче го наследи Акира Нисино, кој поднесе оставка по Светското првенство (СП) во Русија. „Самураите“ дојдоа до историски успех, со пласман во осминафиналето каде тимот загуби од Белгија (2-3).

Моријасу е поранешен тренер на Хирошима, а беше дел од стручниот штаб на Мундијалот. Во кариерата настапуваше како фудбалер за Јапонија и има 35 настапи.