Бивш европски првак се интересира за Езџан Алиоски

Лидс Јунајтед втора година по ред не успеа да се квалификува во Премиер лигата, откако плеј-оф двомечот со Дерби Каунти беше кобен за екипата на нашиот Езџан Алијоски. Македонскиот репрезентативец одигра променлива сезона со неколку блесоци кои го лансираа како миленик на домашната публика.

Добрите игри не останаа незабележани, па интерес за Алиоски покажа францускиот прволигаш Олимпик Марсеј. 27-годишниот македонски репрезентативец е опција за Андре Виљаш Боаш, кој од оваа сезона ќе го води поранешниот европски првак. Спортскиот директор Андони Зубизарета го следел Алиоски и ќе испрати и официјална понуда до Лидс за откуп на договорот.

Македонскиот фудбалер проценет на четири милиони евра и сумата не би требало да претставува проблем за богатиот француски клуб кој од пред две сезони има нови американски сопственици.