• Редакција Gol.mk
Женската фудбалска репрезентација на Македонија наскоро ќе ги започне квалификациите за следното Европско првенство и како домаќин првпат ќе игра во Битола. По домаќинството на У21 репрезентацијата, стадионот „Петар Милошевски“ ќе биде домаќин на женскиот национален тим и организаторите прават максимум за оптимални услови за тренинзите и натпреварите.
Имено, тревникот за натпреварот треба да биде оптимален, за разлика од есенските месеци кога не изгледаше перфектно. Фудбалската федерација на Македонија и Јавното претпријатие Комуналец од Битола, кое стопанисува со стадионот во Битола, веќе работат на деталите. Со новата машина која пристигна од федерацијата, тревникот на „Петар Милошевски“ ќе биде доведен во оптимална кондиција за фудбалско надигрување.
Следниот четврток, во рамките на редовното коло од ПМФЛ, Пелистер ќе го пречека Силекс, а два дена подоцна женската репрезентација на Македонија ќе се сретне со Андора.
